Промени тема
Контакт

Заево: Не трошиме на камен и бронза туку градиме патишта, училишта и градинки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Претседателот на СДСМ денес е во посета на Општина Градско од каде изјави дека денес не се трошат парите на граѓаните на камен и бронза, туку на градинки и училишта и ќе се продолжи динамиката на реализација на проектите кој значат подобар и поквалитетен живот за граѓаните.

— реклама —

„Периодот којшто беше позади нас не е период од некои 100 години или 200 години. Паралели можеме да влечеме што се случи овие 4 години и што се случи пред 4 години. И само ќе кажам: Не ги трошевме народните пари во камен и во бронза. Ги трошевме во надградување на детската градинка во Градско во реконструкцијата на патот Велес - Градско. Еве се гради Градско - Дреново за да го поврземе Градско уште подобро со сите останати региони. Инвестираме во нешто што живот значи за граѓаните. Инвестиравме заедно општината со свои средства, а тие се мали средства. Руралните општини немаат големи буџети, заедно и со централната власт решивме многу проблеми на граѓаните. 30-тина улици се реализирани во една мала општина како што е Градско”, рече Заев во своето обраќање.

— реклама —
— реклама —

На крајот на средбата со жителите на Градско, Заев ги повика да дадат поддршка на овие избори и да го изберат најдоброто, а најдобро за Градско е Роберт Бешовски и да му се даде можност да го заокружи започнатото.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања