Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Загадениот воздух предизвикува аутизам кај децата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
deca-autizam-zagaden-vozduh

Според најновите истражувања, изложеноста на одделни видови на загадување на воздухот во раното детство може значително да го зголеми ризикот од развој на симптомите поврзани со аутистичен спектар на нарушување  (АСН), пишува „Сајнс алерт“.

— реклама —

И порано некои студии укажуваа на можното влијание на загадувањето на воздухот на неродените деца, но истражувачите на Универзитетот Монаш отидоа еден чекор понатаму и забележаа дека постои континуиран ризик од аутизам во првите неколку години на детето и ако детето живее во област со високо ниво на загаденост на воздухот.

Истражувањата во Шангај беа спроведени од експерти за јавно здравје кои го следеа влијанието на загадениот воздух врз здравјето на околу 1.500 деца.

— реклама —

Повеќето студии досега ја набљудуваа врската помеѓу аутизмот и квалитетот на воздухот во преднаталната возраст, односно пред раѓањето на детето. Ова истражување отиде чекор подалеку и се фокусираше на веќе родени деца. Така, истражувачкиот тим го следеше животот на 124 деца со аутизам и на 1.240 деца кои немаа АСН дијагноза. Испитаници беа деца на возраст помеѓу 3 и 12 години.

Тимот забележа дека децата кои во првите три години од животот се изложени на честички со големина од околу 1 микрометар имаат 86% поголема веројатност да имаат аутизам.Честичките со големина од околу еден микрометар, според истражувањето, се поопасни за здравјето од честичките со други димензии.

„Дури и најмало ниво на загаденост може на некој начин да влијае врз здравјето на детето. Ние забележавме дека дури и изложувањето на многу мали количини на ситни честички од загадениот воздух е поврзано со предвремено породување, побавно учење кај децата и голем број сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи срцеви заболувања", вели водителот на истражувањето, Јуминг Гуо.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања