Меѓу загинатите на Железничката станица во Нови Сад, каде што бетонскиот покрив се урна од зградата на станицата, беше и Васко Саздовски од Македонија.
Според информации на „Политика“, тој имал 45 години и како научник работел во Институтот „Биосенс“ во Нови Сад, каде што се истражуваат и развиваат информатички технологии за земјоделството.
Саздовски работел во оваа водечка европска институција како искусен научник.
Саздовски работел во Институтот околу една година, а речиси секој викенд го поминувал дома во Македонија, каде што живеат неговата сопруга и двете деца.