Додека Загреб се подготвува за Адвентот – традиционална претпразнична манифестација што се одржува на повеќе локации во центарот на градот, а годинава ќе почне в сабота (27 ноември) – хрватската метропола се појави во онлајн-изданието на „Њујорк тајмс“.
Локалниот туристички одбор ја објави веста во четвртокот истакнувајќи дека во репортажата за Загреб, „Њујорк тајмс“ презентира вратоврски, рачно изработени чанти, капи и чадори како автентични загрепски модни додатоци.
Репортажата го опишува Загреб како град со стил, кој преку влијанија од блиската Италија и австроунгарското минато, заедно со традиционалните симболи во комбинација со современ дизајн, создава препознатлив шмек.
Адвентот во Загреб годинава официјално почнува на 27 ноември со почитување на сите епидемиолошки мерки.
Централниот дел на Загреб деновиве се преоблекува во адвентска облека, која со својата атмосфера и годинава ќе привлече голем број гости и туристи, но и загрепчани на градските улици до доцна во ноќта.
/4ff43a2f-0eec-4f79-9749-ea2a8898f1f5" rel="attachment wp-att-150175">