Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Зајкова објави петиција за воведување електронски нараквици за следење на насилниците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 43 минути -

Македонија
media-library2bg79bitcebr989lcH7

На барање на граѓаните е покрената петиција со која се бара итно воведување електронски нараквици за следење на сторителите на семејно насилство, соопшти претседателката на ЛДП и пратеничката Моника Зајкова. Целта е да се соберат 10.000 потписи за распишување референдум за воведување на оваа мерка.

— реклама —

Предвидено е нараквицата да ја предупредува жртвата и да ги известува надлежните институции кога сторителот ќе се приближи поблиску од законски утврденото растојание.

— реклама —

ЛДП во изминатата година двапати поднела предлог за измени на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, но двата предлога биле одбиени од собраниското мнозинство. Последниот предлог, поднесен од Зајкова во март годинава, не добил доволна поддршка – од 97 присутни пратеници, 27 гласале „за“.

— реклама —

Во меѓувреме, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на 5 март оцени дека институционалната превенција доживеала пораз, посочувајќи дека во првите два месеца од 2026 година биле регистрирани четири случаи на фемицид. Според податоците што ги изнела, во текот на 2025 година биле пријавени 4.745 случаи на семејно насилство и шест убиства.

— реклама —

Паралелно, граѓанската иницијатива „Ниту една повеќе!“ организира протестен марш во Скопје против фемицидите, институционалното насилство и неказнивоста. Повод за протестот е убиството на 17-годишната Билјана Ќириќ од Богданци. Од иницијативата наведуваат дека девојката претходно пријавувала насилство и закани по живот, а биле изречени и мерки за заштита.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library33an4rud3lsh4WXzvne

ЛДП: Славевски и Владата тотално забегаа! Сѐ уште мислат дека со 10.000 денари неделно народот живее луксуз

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
media-librarycqre8khoipbt4AXth40

ЛДП: Можна страшна економска хаварија - АЛТА е само првото домино од увозот на сомнителен српски и унгарски капитал!

Македонија | пред 6 дена

media-library95rpr34q4gtcfb0Cp82

ЛДП: Разоткриена лага за само еден ден! Ветува помалку шалтери, а во заднина спрема масовно пумпање на партиската администрација

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryho0d8oj1v7mq5Ozn0ME

ЛДП: Со вакви политики утре нема да има кој да ги води институциите! Партиските книшки не можат да го заменат знаењето

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања