Промени тема
Контакт

Зајкова: Нашите црвени линии се исти како оние на 1.5 милион граѓани кои живеат во Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library8176s0r09p9teqSWU4B

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

„Пред да дојдам тука го следев и гостувањето на премиерот, кој што најави дека црвената линија нивна е електронското гласање само на дијаспората. Оттука, треба нашата црвена линија да се исцрта, која не е само црвена линија на ЛДП, туку црвена линија која што ја бараат 1.5 милион граѓани кои што живеат во Македонија, а тоа е можноста за отворени листи и една изборна единица, но и рамноправен пристап и трка во изборниот процес“, изјави во гостување на централниот Дневник на МРТВ претседателката на ЛДП и пратеничка, Моника Зајкова.

Зајкова додава дека отворените листи, воопшто не биле предмет на дискусија бидејќи за истата немало интерес, а за една изборна единица секогаш ќе има некој кој што ќе се јави со нови идеи што експресно излегуваат, сѐ со цел тоа да не се направи.

— реклама —

„Но, со самото тоа што веќе се исцртуваат црвени линии, треба да кажеме дека дебата за носење на Изборен законик со консензус тука се завршува и дека со тоа, самиот премиер ја одобрува блокадата, бидејќи нели не можеме на почеток да се договориме дека треба да постои консензус, а притоа консензусот да биде што ќе диктира владејачката коалиција“, посочува Зајкова и додава дека ако веќе се исцртуваат црвени линии значи дека дебатата е затворена и тука повеќе нема простор за дебата.

— реклама —

ЛДП веќе поднесе  и конструктивни амандмани кои се однесуваат на она што го застапуваме, но не може некој да кажува дека има црвени линии, притоа затворајќи ги црвените линии на она што го бараат 1.5 милиони граѓани кои што живеат во Македонија.

— реклама —

„Се согласувам дека е недозволиво да не им го олесниме правото на глас на нашите граѓани во странство кои придонесуваат за државата, но не е фер да не им го олесниме и правото на глас на оние кои живеат и придонесуваат и во Македонија, бидејќи со ова решение се укинуваат гласачките места со под 10 жители и тие луѓе ќе патуваат 20тици километри да го остварат правото на глас“, истакна Зајкова.

„Ако се мислеше на реформската агенда не требаше процесот да почне во март бидејќи ние имавме готов текст уште од претходната владејачка гарнитура, кој што ги опфаќаше забелешките на ОБСЕ и ОДИХР и можеби требаше порано да се започне со работа бидејќи јас не знам како се мислеше дека ќе се постигне така лесно сѐ, па уште притоа говориме реформска агенда“, заклучува Зајкова во Дневникот на МРТВ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryks28evm4i5ofe9fkaSy

Спротивно од оптимизмот на Мицкоски, иселувањето ќе се интензивира во наредните години, велат од ЛДП

Македонија | пред 7 часа

— реклама —
LDPlogo-620x360

ЛДП: Перпарим во притвор за 8,3 милиони, Владата со фалба на прес за 5,5 милиони евра дивиденда, во каков паралелен свет живее оваа власт?

Македонија | пред 2 дена

media-library5ijcftctjt2cdl5kezo

ЛДП: „Нула денари“ е најскапата лага - Владата призна „Рекет на стероиди“ со авансна уплата за идни привилегии, монополи и институционална заштита!

Македонија | пред 3 дена

LDPlogo-620x360

ЛДП: Прославите завршија, за вистинска независност извадете го од фиока Законот за двојно државјанство на пратениците

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања