Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Зајкова: Свеста за одговорност ќе се развие тогаш кога сите ќе почнат да одговараат со име и со презиме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library2bi8vqg0lp989E8CgcM

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

„Појдовната основа на ЛДП доаѓа од Лигата за демократија, во која што, нели, професорот Ѓорѓе Марјановиќ сакаше и сакавме Македонија да биде попристојно место за живеење. Наспроти тоа, добивме еден хаос и да сведочиме на вакви катаклизми. Ова не се трагедии, туку ова е буквално човечки фактор на пропуст. И мислам дека во Македонија, она што е клучно е тоа што зборот одговорност постои само во теоријата, а ние реално во праксата не гледаме одговорност. Истото се случува и во последниот случај. Таму буквално на луѓето во уста им ставија фекалии. Се испозаразија куп луѓе и ние гледаме цело време еден вид на пинг-понг натпревар. Ќе бараме сега кој е крив, кој е прав, а никој не чувствува никаква одговорност“, вели во одговор на прашање за состојбата со водата во Гостивар претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, во Вести Плус на Канал 5.

— реклама —

Според Зајкова, ова се случува затоа што со децении имаме исти структури на луѓе кои што се менуваат на највисоките позиции и секогаш имаме некој што е на пониско ниво кој одговара за нешто, додека речиси никогаш одговорноста не се лоцира на највисоко ниво.

— реклама —

„Дури дотаму ни е ‘луд’ системот што и кога министер ќе си поднесе оставка, не му се прифаќа и после тие истите луѓе ни морализираат како треба да го градиме општеството. Апсолутно ова не се случува од вчера или од денес, туку ова е ставање постојано на проблемите под тепих и немање на одговорност. Значи клучната работа е тоа што никој во оваа држава не се чувствува одговорен и секогаш одговара некој треторазреден, а се штитат најодговорните за сѐ, за целиот хаос“, дополнува Зајкова.

Вистинското градење на системот и свеста за одговорност ќе се развие тогаш кога ќе почнеме да не штитиме никого, туку да одговараат навистина сите со име и презиме, а не постојано да се заташкува и да застаруваат случаи на највисока корупција.

— реклама —

— реклама —

„Сѐ додека партиски се штити овој или оној, никогаш нема да изградиме систем, а на крај цената ја плаќа народот. Овој пат со епидемија, следниот пат може да биде и со смртни последици за кои што и не е дека некогаш не сме сведочеле. Имавме неодамна трагедија, исто каде што е, нели, системот крив, а всушност некој свесно дал лиценци за клуб кој што не исполнува технички услови, кај што луѓето не можеа да излезат и се запалија живи и сѐ уште нема никаков исход од случајот и нема никој кој што ја понел одговорноста“, завршува претседателката на ЛДП, Моника Зајкова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypebqacof1jeedQ6yNLf

ЛДП до Мицкоски: Изменете го Кривичниот законик веднаш, имате можност и наша поддршка

Македонија | пред 17 часа

— реклама —
media-librarytck1r2s80ntj6kkhEBq

ЛДП: Хаос, пиши-бриши и институционално лудило - добиваме нови шлаканици од ЕУ додека власта секој ден ги менува законите зад грбот на народот!

Македонија | пред 1 ден

media-library2bg79bitcebr989lcH7

ЛДП: 10.000 граѓани побараа заштита, Собранието мора веднаш да реагира!

Македонија | пред 3 дена

media-library2bg79bitcebr989lcH7

Зајкова објави петиција за воведување електронски нараквици за следење на насилниците

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања