Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Зајкова: Свикување на Советот за безбедност и јасна стратегија за заштита на граѓаните од финансиските шокови кои допрва следуваат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryo68pkno12q0k5P24wU3

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, повика на итно свикување на Националниот совет за безбедност и изработка на јасна економска стратегија за заштита на граѓаните од претстојни финансиски шокови.

— реклама —

Во своја објава на социјалните мрежи, Зајкова предупредува дека светот влегува во сериозна економска турбуленција и дека државите веќе преземаат мерки за справување со инфлацијата, економскиот раст и енергетските предизвици. Таа нагласува дека Македонија не смее да доцни во одговорот на овие процеси.

— реклама —

Како што наведува, таа изминатите денови престојува во Вашингтон, САД, каде учествува на Пролетните состаноци (Spring Meetings 2026) организирани од ММФ и Светската банка.

— реклама —

Во објавата се посочува дека на економските форуми биле презентирани податоци за глобалниот раст и можен пад, како и дека повеќе држави веќе бараат итна финансиска помош поради енергетскиот шок и растот на цените.

— реклама —

Зајкова се повикува и на изјави од директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, која предупредила дека кризата ќе има долгорочни последици и дека најсилно ќе ги погоди најранливите категории на граѓани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypebqacof1jeedQ6yNLf

ЛДП до Мицкоски: Изменете го Кривичниот законик веднаш, имате можност и наша поддршка

Македонија | пред 17 часа

— реклама —
media-librarytck1r2s80ntj6kkhEBq

ЛДП: Хаос, пиши-бриши и институционално лудило - добиваме нови шлаканици од ЕУ додека власта секој ден ги менува законите зад грбот на народот!

Македонија | пред 1 ден

media-library2bg79bitcebr989lcH7

ЛДП: 10.000 граѓани побараа заштита, Собранието мора веднаш да реагира!

Македонија | пред 3 дена

media-library2bg79bitcebr989lcH7

Зајкова објави петиција за воведување електронски нараквици за следење на насилниците

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања