Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Зајкова: За локалните избори бараме отворени листи за избор на својот кандидат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Monika-Zajkova

Во очи на овогодинешните локални избори гаејќи ја надежта за широка политичка поддршка од сите политички партии, предлагаме измени во изборниот законик, кои на следните локални избори ќе претпочитаат еднаква родова застапеност (50%-мажи, 50%-жени) и отворени советнички листи, вели Моника Зајкова, потпретседателка на ЛДП и пратeничка.

— реклама —

- Во овој момент во нашата држава за избор на пратеници и членови на советите во општините се користи пропорционалниот модел на затворени листи. Тоа значи дека имаме право да избираме листа содржана од 20 пратеници и листа од непарен број на советници, но немаме право најдиректно да избираме личности, појаснува Зајкова.

Таа вели дека современите општествено-политички текови, несомнено бараат и современи политички модели кои најпрецизно ќе ја отсликаат граѓанската волја исполнувајќи ги во целост нивните потреби и очекувања.

— реклама —

- Бидејќи политичкиот избор се смета за основна граѓанска должност, повеќе од кога било, станува евидентна потребата избирачкото право да биде проследено со зголемено право на избор на личност од листата на номинирани кандидати. На тој начин одговорноста и на граѓаните, но и на избраните политички чинители ќе биде голема, директна и непремостлива, вели Зајкова.

Според неа политичките избраници на овој начин ќе имаат зголемена и директна одговорност пред граѓаните кои директно ги избрале, додека пак избирачите ќе имаат поголем мотив да излезат на гласачките места, гласајќи за „својот“ кандидат.

Воспоставувањето гаранции за ефикасно остварување на правата на граѓаните и оживотворувањето на идејата за претставничката демократија во нејзината вистинска смисла не е само вистинскиот, туку е и единствениот начин за гласот на граѓаните да биде слушнат, вели таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања