„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Закани кон мајката на загинатата Моника во Кочани: „Среќен сум што се случи ова – Господ ги казни“; МВР работи на случајот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Коментари
verica-zakani

Верица Трифунова, мајка на трагично загинатата Моника Спасова објави низа на принтскринови од разговори, од кои се гледа како извесен Благојче Велков ѝ испраќал вознемирувачки пораки.  Претходно истото лице, испратило заканувачка порака кон друго лице на социјалните мрежи, во која и вели „Не јади го*на многу, немој да останеш без едно дете“. Од МВР за „Скопје1“ посочуваат дека постапуваат по допрен глас и испитуваат наводите.

— реклама —

„Сектор за компјутерски криминал нема добиено пријава од родителите на загинатите деца во дискотеката Пулс во Кочани, а по однос на добиени заканувачки пораки на социјални мрежи. По допрен глас од добиени информации од јавноста, а поврзани со горенаведеното Сектор за компјутерски криминал врз основа на своите законски надлежности, интензивно преземаат дејствија за испитување на наводите и веќе постапува по однос на откривање на идентитет на лицето кое испраќа вакви пораки и утврдување на веродостојноста на информациите во врска со истото. Се замолуваат лицата кои ги добиле овие пораки за истото да достават пријава на емаил адресата    cybercrime@moi.gov.mk“, велат од МВР за „Скопје1“.

— реклама —

Трифунова, ги објави пораките. Од нив се гледа и содржината. Па така, Велков пишува „Госпоѓице да знаеш колку се плашам од ова што си го пишувала, едно да знаеш, јас работам за ЦИА, тоа во Швајцарија. Така зад мене стојат многу народ, несе плашам, од ништо. Друго среќен сум јас и многу луѓе што се деси ова, Господ ги казни предавниците. Ако сакаш јави се дека сакаш кај кој си намислила никој ништо не ми може“.

Потоа, за да биде уверлив, се фали самиот дека бил специјално пратен да прави инциденти на изборите.

Истото ова лице, има објавено и повеќе коментари кои се јавно достапни.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања