Промени тема
Контакт

Заканите за бомби во Хрватска координирани преку гејмерски четови - полицијата уапси малолетници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-library05ub7c30rvqp2NZkdab

Полицијата во Хрватска во изминатите 48 часа приведе најмалку три помлади лица поради сомнение дека испраќале заканувачки мејлови со лажни дојави за бомби, при што дел од осомничените се малолетници и се соочуваат со обвиненија за тероризам.

— реклама —

Првично, тие биле третирани за кривично дело лажно пријавување, но по спроведените истраги во Загреб и Сплит, истражителите утврдиле дека станува збор за сериозно заплашување на населението преку масовно испраќање закани до државни институции.

Во изминатите десетина дена биле испратени околу 220 мејлови до полициски станици, болници, училишта, градинки, медиуми и трговски центри.

— реклама —

На подрачјето на Далмација уапсени се две лица, меѓу кои и средношколец, додека во Загреб е приведен и 15-годишник. Иако осомничените не се познавале меѓусебно, истрагата покажала дека биле дел од исти гејмерски онлајн групи, каде што се појавиле идеите за испраќање заканувачки пораки.

— реклама —

Надлежните служби испитуваат дали во овие групи постоело влијание од трети лица кои можеби ги поттикнувале малолетниците да шират паника.

Анализата на содржината на пораките покажала одредени сличности, но и обиди да се доведе во заблуда истрагата – во дел од мејловите се споменувала наводна терористичка ќелија, додека користените изрази сугерирале различно потекло на испраќачите.

— реклама —

За делото за кое се товарат е предвидена казна затвор од една до осум години, а дали обвинителството ќе ја прифати оваа квалификација ќе биде познато во наредниот период.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3qoo07dtm5e68pKJCaB

Хрватски ресторански критичари го посетија „Македонски мерак“ во Загреб: „Турли тавата е причина да се вратиме“

Патувања | пред 2 дена

— реклама —
evra

Цените на недвижностите во Хрватска пораснаа 12,7 отсто за една година

Балкан | пред 2 дена

media-libraryopbbvkghoaava0Q7SPj

На 65 години почина поранешната хрватска министерка Андреа Златар Вјолиќ

Балкан | пред 5 дена

zagreb

Работниците во јавниот превоз и комуналните служби штрајкуваат во Загреб

Балкан | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања