Пратеникот од шарената револуција Павле Богоевски – Пајо денеска бил во скопското Јавно обвинителство да се пријави откако призна дека набавувал, наводно, масло од канабис за негов близок пријател. Според извори на „Фокус“ во скопското Обвинителство одбиле да му земат исказ на Богоевски и да покренат постапка, бидејќи сметаат дека нема кривично дело во случајот.
Со ваквата постапка Обвинителството покажува дека законот сепак не важи за Пајо. Иако тој ја потврди автентичноста на снимката и кажа дека набавувал наводно масло од канабис, иако целата јавност се соменева дека станува збор за кокаин, Обвинителство одлучило да не му земе исказ. Но без разлика дали стануав збор за марихуана или кокаин, сепак очигледно кривично дело е сторено, кое и сторителот го призна. Богоевски истакна дека набавувал на нелегален начин масло од канабис, што е казниво со закон.