Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Законот за јазици до Службен весник без потписот на Иванов

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
sluzben-vesnik

Владата нема да чека потпис за да биде објавен Законот за употреба на јазиците, ниту од актуелниот претседател Ѓорге Иванов, ниту од неговиот наследник. Овој закон и Договорот од Преспа, претседателот на Парламентот, Талат Џафери, ќе ги достави до Службен весник, веднаш по усвојувањето на уставните амандмани, објави Алсат.

„Не очекуваме, ниту се надеваме дека ќе имаме договор со претседателот во однос на Законот за јазиците. Мислам дека по завршувањето на процесот на уставни измени ќе биде објавен и договорот со Грција, како предуслов за продолжување на процесот а исто така, ќе биде објавен и Законот за јазиците. Двата закона ќе бидат испратени и објавени во Службен весник со потпис само на претседателот на Собранието. Тоа е во рамки на неговите обврски и е резултат на непочитување на Уставот од страна на Претседателот”, рече Бујар Османи, вицепремиер за европски прашања.

— реклама —

Османи додаде дека Македонија е целосно уверена дека актуелната грчка влада го има потребно парламентарно мнозинство да го ратификува Преспанскиот договор и протоколот за членство во НАТО. Македонските власти не сметаат дека договорот е во опасност и покрај заканите на коалицискиот партнер на Ципрас, Панос Каменос, дека ќе ја напушти власта кога оваа точка ќе дојде на дневен ред во грчкиот парламент.

— реклама —

извор: Алсат

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања