Промени тема
Контакт

Законот за наставници има сериозни забелешки не само од опозицијата туку и институциите, вели Ласовска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Blagica-Lasovska

Пратеничката Благица Ласовска на собраниската комисија за образование и наука изрази жалење што не е присутен министерот за образование, но посочи дека искрено се надева дека заменик министерот ќе му ги пренесе сите реакции и атмосферата внатре, како и сите забелешки кои ги имаат.

- Опозицијата е многу важна алка во ова Собрание, каква акција ќе има од предлагачот – Владата, таква реакција ќе има и од опозицијата. За жал, претходната министерка Царовска до тој степен не го почитуваше Собранието што воопшто не доаѓаше. Второ, и покрај сериозните забелешки не само од нас пратениците, туку и од институции на кои што треба капа да им симнува а не со ароганција да се однесува не ги зема во предвид.

— реклама —
— реклама —

Оваа комисија оди како што оди, а образованието тоне во хаос и јас вака би апелирала и до моите почитувани колеги пратеници но и до вас – на разум. Секогаш постои простор за разговор доколку се има волја за нештата да бидат подобри и појасни. Во случајот се работи за образование и имаме ние многу наставници, родители и ученици кои се засегнати со концепцијата но и со законските решенија кои претседателката тврди дека дневниот ред е изгласан но не е изгласан, и јас еве апелирам да се повлече законското решение и да седнеме во духот на минимум консензус. – кажа Ласовска.

— реклама —

Таа додаде дека доколку односот кон опозицијата е конструктивен, има подадена рака и има слух за нивните забелешки и идеи ќе се најде заедничко решение и апелираше комисијата да прекине со работа и да се размисли како понатаму ќе се однесуваат кон многу важниот образовен процес во Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања