Промени тема
Контакт

Законот за поголеми плати за наставниците во Собрание, ВМРО-ДПМНЕ прекине со блокадите, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
IMG_8756

Во Собранието продолжува дискусијата за Предлог Законот за наставници и стручни соработници во основното и средното образование.

„Ова законско решение предвидува зголемување на платите на сите наставници и стручни соработници во основното и средното образование со раст на минималната плата.

— реклама —

Овој Закон предвидува сигурно и квалитетно решение за работниот однос на над 4.700 наставници кои работат со години, а не можат да го трансферираат работниот однос, бидејќи предаваат во повеќе училишта или предаваат изборни предмети.

Со законот покажуваме дека соодветно го вреднуваме трудот на наставниците и стручните соработници кои предаваат во комбинирани паралелки, во паралелки со деца со попреченост или имаат дополнителни задолженија.

— реклама —

Цела година пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го блокираа Законот и работеа на штета на наставниците кои поради ваквиот нечесен и неодговорен однос цела година земаат пониски плати.

— реклама —

Со оглед на тоа дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ такво решение доставија во собраниска процедура, со што признаа дека се работи за добар закон, треба да престанат со блокадите, да бидат конструктивни и конечно да почнат да работат во интерес на граѓаните“, вели СДСМ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања