Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Жалбите за пресудата за убиствата на Вања и Панче денеска пред Апелациски суд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
vanja-palco-velibor-bore-gjorcevski4

Апелациски суд Скопје денеска ќе ги разгледува жалбите поднесени од одбраната и од Основно јавно обвинителство во случајот за грабнувањата и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Предметот е во второстепена постапка по пресудата што ја донесе Основен кривичен суд Скопје на 25 јуни 2025 година, со која на доживотен затвор беа осудени Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев за кривичните дела грабнување и свирепо убиство.

— реклама —

Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој исто така беше опфатен со обвинението, беше ослободен поради недостиг на докази. Обвинителството поднесе жалба токму на овој дел од пресудата.

— реклама —

Според обвинението, обвинетите го испланирале грабнувањето на Вања со цел да изнудат пари за откуп од членови на нејзиното семејство. Воедно, грабнувањето на Панче Жежовски било извршено за да биде одземено неговото возило, кое потоа било користено при киднапирањето на девојчето во Скопје.

— реклама —

Вања Ѓорчевска беше пријавена за исчезната на 27 ноември 2023 година, додека Панче Жежовски исчезна три дена претходно, на 24 ноември. Телата на двајцата беа пронајдени на 3 декември 2023 година во близина на Скопје и Велес.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

palco

(Видео) Адвокатот на Палчо бара одново да се суди убиството на Вања и Панче, па тврди дека тој е невин

Настани | пред 2 седмици

— реклама —
vanja-gjorcevski-aleksandar-

Таткото на Вања кажа дека се чувствува како заложник, Туфегџиќ го нападна Обвинителството: Токму затоа што нема докази треба да биде ослободен

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryceng4lkp9km01YFeyx6

Александар Ѓорчевски имал клучна улога во грабнувањето на Вања, тој пратил порака до девојчето кога се договарало грабнувањето, вели обвинителот

Македонија | пред 2 седмици

palevski-obvineti-vanja

Случајот за Вања и Панче пред Апелација: Обвинетите бараат укинување на пресудата

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања