Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Заложништво во Студеничани, шест лица се спасиле со порака: Ние сме 6 странци и бевме киднапирани од вооружена група, ве молиме за помош“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
migrant

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против татко и двајца синови, поради основано сомнение дека сториле кривични дела – Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со малолетно лице и криумчарење на мигранти и кривично дело Криумчарење на мигранти.

— реклама —

Имено, во текот на вчерашниот ден на електронската адреса на Службата за односи со јавноста пристигна порака со линк од локација и следната содржина: „Ние сме 6 странци и бевме киднапирани од вооружена група која бара пари за да нѐ ослободи. Ве молиме за итна помош. Се наоѓаме на оваа локација, во куќа во складиштето на куќата.SOS!“, која порака во координација со јавен обвинител од ОЈО Скопје беше проследена до Секторот за компјутерски криминал во МВР. По брзата реакција и извршениот претрес во подрумските простории на станбен објект во с. Студеничани од страна на полициските службеници од МВР беа пронајдени шестмина илегални мигранти од кои пет малолетници и едно деветнаесетгодишно лице.

— реклама —

Двајца од осомничените, во текот на месец март годинава, заедно со организатор по потекло од арапските земји кој престојувал во РГрција и повремено во скопскиот регион, со цел стекнување имотна корист се здружиле и како дел од меѓународна криминална мрежа организирале меѓународна криминална група во РСМ која имала за цел вршење на кривично дело – Криумчарење на мигранти. Групата co помош на водичи т.н. ,,качаци“ организирала илегално пренесување на групи мигранти од територијата на РГрција на територијата на PC Македонија преку илегални премини т.н. зелена граница. По дадени задачи и насоки од првоосомничениот, неидентификувани припадници на групата со ПМВ ги прифаќале и ги преземале мигрантите и ги превезувале до с.Студеничани од каде тројцата осомничени ги прифаќале и времено ги засолнувале, а потоа илегално ги пренесувале од територијата на РСрбија кон државите на ЕУ.

— реклама —

На ден 21.03.2025 година илегално биле превезени шестмината мигранти кои првоосомничениот ги сместил и засолнил во подрумските простории на објект сопственост на неговиот татко во с. Студеничани. Со цел мигрантите да не го напуштат објектот просториите во кои биле сместени биле постојано заклучени, а второ и трето осомничените го обезбедувале објектот. На мигрантите им давале минимална количина на храна и вода, едно шише вода на ден за сите шест мигранти, а подрумските простории можеле да ги напуштат само заради извршување физиолошки потреби.

Првоосомничениот во повеќе наврати секој ден им го загрозувал животот и здравјето заканувајќи им се дека нема да го напуштат подрумот сѐ додека од страна на нивните блиски не бидат исплатени парични средства во висина од 5.000 евра за да обезбеди нивно понатамошно илегално пренесување до РСрбија. За таа цел најпрво им ги земал мобилните телефони на сите шестмина, по што во текот на четирите дена колку што престојувале, на двајца од нив им дозволувал еднаш дневно да остварат видео повик со криумчарот организатор од арапските земји со цел истиот да ги извести нивните семејства да ги исплатат бараните парични средства.

Ценејќи дека се исполнети условите за определување на мерката притвор, предметниот обвинител ќе му предложи на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд истата да ја определи за сите осомничени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања