Промени тема
Контакт

Жан Митрев тврди дека Заев и Филипче барале сопствеништво во болницата, Филипче возвраќа: Ќе тужам

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-library44fkk6lo0ouk51N5oIy

Поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче биле директно заинтересирани да пронајдат начин за стекнување сопственички удел во болницата „Жан Митрев“, во периодот кога против познатиот кардиохирург се водела истрага поврзана со лекувањето на пациенти за време на ковид-кризата. Ова јавно го изнесе самиот Жан Митрев, гостувајќи во Вечерното шоу на Богдан Илиевски на ТВ Алфа.

Богдан Илиевски: Политички големци од претходната гарнитура, на највисоки функции, можеби еден премиер и еден министер за здравство, биле директно заинтересирани за најдат начин до сопствеништво врз вашата болница. Дали сте го слушнале овој муабет?

Жан Митрев: Да, да.

Богдан Илиевски: Дали сте го почувствувале таквиот обид?

— реклама —

Жан Митрев: Да.

Богдан Илиевски: Потврдувате ли дека имало заинтересираност од Зоран Заев и од Венко Филипче да најдат пат до сопствеништво врз вашата болница?

Жан Митрев: Да, имаше такви реални контакти. И на писмено, не само вака…

— реклама —

Набргу по овие наводи, актуелниот претседател на СДСМ, Венко Филипче, одржа вонредна прес-конференција на која остро реагираше, оценувајќи дека станува збор за „континуирана црна кампања и јавен линч“ насочени кон него. Тој ги отфрли обвинувањата, тврдејќи дека преку изјавите на Жан Митрев му се припишува рекет и обид за преземање на цела болница.

Филипче изјави дека ваквите напади ги надминале сите граници и најави покренување судска постапка против, како што рече, сите инволвирани – и нарачателите и извршителите. Воедно, тој јавно го повика Жан Митрев, доколку има какви било сознанија за кривично дело, да поднесе кривична пријава до обвинителството.

— реклама —

„Нека постапи институционално ако смее. Ако има нешто, нека се докаже пред обвинител и суд, а не преку медиумски настапи. Затоа што знаат дека ќе одговараат“, рече Филипче, обвинувајќи ја власта дека токму ваквите случаи се причина зошто, според него, не се спроведуваат суштински реформи во правосудството.

Со ова, јавноста доби две спротивставени верзии за истиот настан – една од страна на кардиохирургот Жан Митрев, кој говори за директни обиди за преземање на неговата болница, и друга од страна на Венко Филипче, кој тврди дека станува збор за политички мотивирана кампања и најавува правна разврска пред судските институции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library11umh2gfq8r73Sy6Z9x

Филипче: Огромната буџетска дупка е резултат на катастрофалното управување на Мицкоски

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
media-library6e42aqrvhlkk4upjTP4

Филипче: Владата внесува кинески пари и ги поткопува партнерствата со САД и ЕУ

Македонија | пред 6 часа

media-libraryj108ua3vl58qdunDf2A

Филипче: Кошничката со кирија достигна 90.000 денари – во Македонија стана невозможно да се живее

Македонија | пред 7 часа

media-librarydi2a0nqmq6ra5yxVQxa

Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

Македонија | пред 7 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања