Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Заострени мерки за влез во Црна Гора

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
crna-gora

Врз основа на влошената епидемиолошка состојба во Црна Гора, црногорските власти ги заострија мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, информира македонското Министерство за надворешни работи.

— реклама —

„Според најновата одлука, која ќе важи од 2.1. 2022 година до 12.1.2022 год, секој што влегува во Црна Гора, независно од тоа дали е црногорски или странски државјанин, мора да ги исполнува следните услови: лицето да е вакцинирано со пропишаниот број вакцини против коронавирусот, а од втората доза да не се поминати повеќе од 6 месеци и истовремено со потврдата мора да поседува и негативен ПЦР-тест, кој не е постар од 72 часа, или негативен брз антигенски тест, кој не е постар од 48 часа, или доказ дека лицето прележало Ковид-19 (да не е поминато помалку од 10 дена и не повеќе од 180 дена од позитивниот ПЦР или брзиот антигенски тест) и истовремено со доказот мора да поседува и негативен ПЦР-тест, кој не е постар од 72 часа, или негативен брз антигенски тест, кој не е постар од 48 часа“, стои во соопштението од МНР.

— реклама —
— реклама —

Децата под 18 години се изземаат од мерките и за нив не се потребни ниту потврди за вакцинација, ниту за прележана болест (Ковид-19) ниту тестови.

— реклама —

Државјаните на Црна Гора и странците со регулиран престој може да влезат во земјата без овие докази, но со определување самоизолација во траење од 10 дена, која е можно да биде прекината најрано 3 дена по добивање негативен ПЦР-тест.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања