Земјите од Западен Балкан, повикувајќи се на војната во Украина, бараат забрзан влез во Европската унија, но бриселските власти велат дека нема политичка волја меѓу 27-те членки да ги прифатат, но и дека „нема смисла овие земји да се приклучат пребрзо“. На форумот во Јадранско-јонскиот регион одржан во Тирана минатата недела, десетте земји објавија заедничка декларација во која ја повикуваат ЕУ „да го забрза патот на Западен Балкан“, бидејќи нивното членство би било „инвестиција во стабилна, силна и обединета Европа“.
„Проширувањето на ЕУ е политика која отсекогаш извезувала мир и стабилност во сите земји во областа каде што ЕУ би се проширила“, рече заменик-министерот за надворешни работи на БиХ, Јосип Бркиќ. „Верувам дека руската агресија против Украина дополнително ќе ни ги отвори очите, дополнително ќе каже колку е важно проширувањето како такво и дека ќе заврши во Југоисточна Европа“, додаде тој.
БиХ аплицираше за членство во ЕУ пред повеќе од шест години и сега се надева дека ќе добие кандидатски статус до 30-ти јуни, кога завршува француското претседателство со ЕУ. Кандидатскиот статус е чиста политичка одлука“, рече Бркиќ.