Промени тема
Контакт

Западнонилската треска откриена кај две угинати птици, над 100 пријави за четири дена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-librarym8kltstjee6q0KSoiig
unsplash

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) го засилува надзорот на терен за навремено откривање на вирусот на Западнонилската треска кај птиците, преку дополнително земање примероци и лабораториски испитувања низ целата држава.

Засилениот надзор се спроведува паралелно со активностите за следење на авијарната инфлуенца, односно птичјиот грип, при што се тестираат примероци од птици за утврдување на присуство на вирусот и антитела. Со активностите се опфатени одгледувалишта на живина за некомерцијални цели, птици што се чуваат во кафези или други оградени простори, како и одгледувалишта на водни птици во дворови и селски стопанства.

Се земаат примероци од различни видови домашна живина, меѓу кои кокошки, мисирки, бисерки, фазани, еребици, потполошки и ноеви, но и од диви птици како гуски, патки, лебеди, штркови, чапји, соколи, галеби, страчки, бувови, корморани, јастреби и други видови.

АХВ потсетува дека пасивниот надзор се спроведува во текот на целата година преку пријавување на сомнителни клинички знаци, како и на угината живина, водни и диви птици. Во рамките на засилениот надзор, корисниците на дивечот во ловиштата, зоолошките градини, националните паркови и оние што чуваат птици во заробеништво треба да пријават секоја пронајдена угината дива птица, од која, доколку е погодна за испитување, ќе се земе примерок.

— реклама —

Од АХВ апелираат и до ловните друштва да го пријавуваат отстрелот на диви птици во текот на ловната сезона, бидејќи и од нив може да бидат земени примероци за лабораториско испитување.

Во периодот од 24 до 27 август АХВ примила повеќе од 100 пријави од граѓани за пронајдени угинати птици. Сепак, од Агенцијата појаснуваат дека не секоја угината птица е погодна за тестирање на Западнонилска треска. Досега се добиени два позитивни лабораториски резултати – еден од угината птица пронајдена во Скопје и еден од птица пронајдена во Ресен.

— реклама —

АХВ посочува дека постапува по најголем дел од пријавите, согласно проценката за тоа дали постои можност за земање примерок и лабораториско испитување. Во Скопје, пронајдените угинати птици се подигнуваат во соработка со Секторот за општи и комунални дејности на Град Скопје, по што, кога примерокот е соодветен, се врши тестирање, безбедно отстранување на птицата и дезинфекција на местото.

Одгледувачите на живина се повикуваат да ги почитуваат мерките за биосигурност, да го ограничат контактот меѓу домашната живина и дивите птици и навремено да пријават секоја зголемена или невообичаена смртност кај живината.

— реклама —

Од АХВ истовремено апелираат граѓаните да не создаваат непотребна загриженост доколку во урбана средина се појави поединечна угината птица. Особено внимание треба да се посвети доколку во исто подрачје, за краток период, се забележат поголем број угинати гаврани или други диви преселни птици, за што треба да се извести Агенцијата.

Според АХВ, навремениот надзор, лабораториското испитување и брзото пријавување на сомнителни случаи овозможуваат навремено преземање мерки за заштита на здравјето на животните и јавното здравје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9g7kmr1cetu3eRXzKB2

65 случаи на западнонилска треска во Македонија, најмногу во Драчево

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library4a5224hjs07a6U0X8cZ

Нови случаи на западнонилска треска во Франција: Првпат во овој регион

Свет | пред 1 седмица

ucenici

Учениците не се ризична група за западнонилска треска

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryn5t4ue1ff0oa1fzyL6m

Двајца пациенти со западнонилска треска и натаму во тешка состојба

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања