Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Западнонилската треска се шири во Грција: 13 починати и 157 заразени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Балкан
komarci-960x621-1

Во Грција продолжува да расте бројот на случаи на Западнонилска треска, а надлежните здравствени власти регистрирале вкупно 157 заразени и 13 смртни случаи од почетокот на сезоната.

— реклама —

Според последниот неделен извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), сите починати пациенти биле на возраст над 65 години, со просечна возраст од 82 години. Само во изминатата седмица биле потврдени 47 нови случаи, како и четири смртни случаи.

Од вкупниот број заразени, кај 116 лица се развиле симптоми поврзани со централниот нервен систем, меѓу кои енцефалитис, менингитис или акутна парализа. Кај останатите 41 пациент биле регистрирани поблаги симптоми.

— реклама —

Во моментов, 42 лица се на болничко лекување, додека 92 пациенти се веќе отпуштени од болница. Кај десет заразени не било потребно болничко лекување.

— реклама —

Најголем број случаи се регистрирани во Атика, поширокиот регион на Атина, каде што се потврдени 104 заразени. Уште 46 случаи се регистрирани во Тесалија, северна Грција и на Пелопонез, додека за седум случаи сè уште се спроведува епидемиолошка истрага.

Поради зголемениот број заразени во Атика, грчките власти ги засилија мерките против комарци, при што активностите за запрашување се зголемени за 30 проценти.

— реклама —

Првиот случај на Западнонилска треска оваа сезона во Грција бил регистриран во почетокот на јули. Вирусот во земјата се појавува сезонски, а најтешка била 2018 година, кога биле регистрирани 317 случаи и 51 смртен исход. Минатата година имало 96 случаи и девет починати лица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

trajekt-620x350

Закана за бомба запре траект во Грција: Евакуирани 875 патници

Спорт | пред 1 ден

— реклама —
tunis-migranti-camac-830x0

Најмалку 12 мигранти загинале во бродска несреќа јужно од Крит

Балкан | пред 2 дена

media-libraryiel13u9qn44b5PMTzid

Необична „роденденска честитка“ за грчкиот министер: Хакери нарачале 150 поршеа и 50 мерцедеси

Балкан | пред 4 дена

police_457542992-1-1021x580

Голема полициска акција во Грција: Криумчареле над 500 мигранти и заработиле најмалку 750.000 евра

Балкан | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања