Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес

Во живо Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Запалени три куќи во скопско Побожје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
pozar-1

Пожарот во пехчевско – беровскиот регион е ставен под контрола. На терен се уште се припадници на армијата, територијалните противпожарни единици, ДЗС и месното население. Иако пожарот е локализиран, екипите ќе останат присутни на лице место и во текот на ноќта, во случај на негово повторно разгорување.

— реклама —
— реклама —

Како што информираа од ЦУК, кракот на истиот пожар во делчевскиот регион, е ставен целосно под контрола. Но, и на ова место се уште има екипи на терен, кои ќе останат и ќе ја следат состојбата до утрешниот ден.

— реклама —
— реклама —

„Пожарот во Сарај, во селата Раовиќ, Буковиќ, Лескарци е се уште активен и во текот на денешниот ден во повеќе наврати дејствуваше авионот на романското воено воздухоплоство. Во 14:45 минути, истиот пожар е проширен кон сртот на ловиштето Јасен. На терен се припадници на армијата, ДЗС, противпожарните бригади, месното насление од село Сарај, кои и во моментот се на терен и се борат со пламените јазици. Активен пожар се уште има и во Чучер Сандево, во селото Побожје, каде се запалени три куќи. На лице место е бригадата од град Скопје, очекуваме информации од што се запалени куќите“, изјави Марија Милкова од ЦУК.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања