Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Запленети 26 парчиња златен накит вреден 1,3 милиони денари на граничниот премин Табановце

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryr5e4vuecd890dV3BfMt

Царинските службеници на граничниот премин Табановце спречиле обид за криумчарење на 348 грама златен накит, чија проценета вредност изнесува околу 1,3 милиони денари.

— реклама —

Како што соопшти Царинската управа, случајот бил откриен при детална контрола на автомобил што влегувал во државата. Во возилото патувале сопружници, македонски државјани со живеалиште во Белгија, а во чантата на сопатничката биле пронајдени 26 парчиња златен накит.

— реклама —
— реклама —

Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги поднело кривична пријава против сопатничката поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“, казниво согласно Кривичниот законик.

— реклама —

Од Царинската управа информираат дека од почетокот на годинава се евидентирани 13 случаи на криумчарење злато, при што се запленети повеќе од 2,5 килограми златен накит и златни монети.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypfskm7gofu92aGlT28p

(Видео) Спречен шверц на 29 шишенца од лекот „Xgeva“ кој се користи за лекување малигни заболувања

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library0nqp4g49m8audFaJw50

(Видео) На Богородица запленети 77 парчиња златен накит вредни четири милиони денари, скриени во перница за врат во автобус од Истанбул

Македонија | пред 1 седмица

media-library2agilgujcme15YJcmOi

Откриени 595 сребрени прстени скриени под седиштата на автомобил на Блаце

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryf75345479f0u2EX18dK

Хашиш, амфетамин и МДМА пронајдени кај германски државјанин на Табановце

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања