Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Запленети дрога, пиштоли, пушки и муниција при полициска акција низ државата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-librarylfhsascnika0cnle4Ie
Илустрација

Шеснаесет лица се лишени од слобода, а при претреси на повеќе локации низ државата се запленети дрога, огнено оружје, муниција и пари. Акцијата ја спровел Одделот за криминалистичка полиција, во координација со секторите за внатрешни работи и Единицата за службени кучиња, во текот на 16 и 17 октомври.

— реклама —

Во рамки на засилените активности за откривање и сузбивање на криминалот биле извршени вкупно 47 претреси во домови и други помошни простории.

— реклама —

При претресите биле пронајдени и одземени поголема количина марихуана, повеќе пакувања кокаин, како и помали пакувања кокаин подготвени за понатамошна продажба. Полицијата запленила и пиштоли, пушки, разновидна муниција, парични средства и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела.

— реклама —

Во врска со случаите биле поднесени 11 кривични пријави за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, според член 215, како и за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, според член 396 од Кривичниот законик.

— реклама —

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека продолжуваат со засилени активности за откривање и санкционирање на сите форми на криминал, со цел зголемување на безбедноста на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqldkkmn76jql5nL9MN3

Малолетничка била задржана против своја волја во автомобил до следното утро

Слајдер | пред 15 часа

— реклама —
media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 1 ден

media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 1 ден

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања