Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Запленети два тони небезбедна храна на зелениот пазар во Ченто

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-libraryvbr6e45ufdd43WYhghA
Photo by Samuel Regan-Asante on Unsplash

Околу два тони храна биле отстранети од промет на зелениот пазар во скопската населба Ченто поради несоодветни хигиенски услови и продажба надвор од местата предвидени за таа намена.

— реклама —

Акцијата ја спровела Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во соработка со Комуналната инспекција на Град Скопје и Државниот пазарен инспекторат, во рамките на вонредна инспекциска контрола.

— реклама —

Инспекторите проверувале дали храната се продава во соодветни услови и дали се почитуваат законските прописи за нејзино безбедно складирање и продажба. При контролата било утврдено дека различни видови храна се нуделе надвор од предвидените продажни места и во нехигиенски услови, со што се зголемувал ризикот за безбедноста на производите и здравјето на потрошувачите.

Запленетата храна е отстранета од промет, а надлежните инспекциски служби најавуваат продолжување на контролите и преземање мерки во рамките на своите законски овластувања.

— реклама —

Од АХВ информираат дека и во наредниот период ќе спроведуваат засилени инспекциски контроли, самостојно и во соработка со другите надлежни институции, со цел заштита на здравјето на граѓаните и обезбедување безбедна храна на пазарот.

— реклама —

Агенцијата упатува апел до сите оператори со храна да ги почитуваат законските обврски и да обезбедат соодветни хигиенски услови при ракувањето, складирањето и продажбата на производите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library60qd8spn24iv80QrolZ

Почнува итна вакцинација на овците и козите, пристигнаа 400.000 дози вакцини од Турција

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
media-library28toi26mc2fr31iJkmx

Одземени околу два тона небезбедно месо во Радовиш и 50 килограми месни производи во Пепелиште

Македонија | пред 6 дена

media-libraryc25mrd6h2n162muoaAi

Уништени 470 килограми ќебапи, плескавици и внатрешни органи пронајдени во нерегистрирана комора на приватен имот во општина Василево

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryvbr6e45ufdd43WYhghA

Запленети над пет тони овошје и зеленчук што нелегално се продавале на скопските пазари

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања