Промени тема
Контакт

Запленети над 40 илјади петарди и огномети на Блаце, кривична пријава за едно лице

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-libraryb3p1eeth5jr9bjE6nKJ

Царинската управа спречи обид за нелегално тргување со пиротехнички средства, при што беа запленети вкупно 40.872 парчиња петарди и огномети, за кои надлежните оценуваат дека претставуваат сериозна закана по здравјето и безбедноста на граѓаните. За случајот е поведена кривична постапка против едно лице, македонски државјанин од Гостивар.

— реклама —

Како што информираат од Царинската управа, заплената била реализирана во акција на мобилен царински тим на граничниот премин Блаце, при контрола на патничко возило со швајцарски регистарски таблички. При деталниот преглед, царинските службеници утврдиле дека задните седишта на возилото биле спуштени, а целиот простор зад нив, како и багажникот, бил исполнет со пиротехнички средства.

— реклама —

Во текот на постапката било утврдено дека осомничениот ги набавил пиротехничките средства во Приштина и се обидел противзаконски да ги внесе на територијата на државата, со намера за нелегална трговија. Против него е поднесена кривична пријава за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи, кривично дело предвидено и казниво според Кривичниот законик.

— реклама —

Од Царинската управа предупредуваат дека употребата и трговијата со нелегални пиротехнички средства претставуваат сериозен ризик по јавната безбедност, особено за децата и младите, и можат да предизвикаат тешки телесни повреди и материјални штети.

Надлежните најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со засилени контроли и координирани активности со другите институции, со цел спречување на нелегалната трговија со пиротехнички средства и заштита на безбедноста на граѓаните, особено во периодот на празници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryf75345479f0u2EX18dK

Хашиш, амфетамин и МДМА пронајдени кај германски државјанин на Табановце

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
media-libraryq5cc9te255lt7VWRcPr

(Фото) Косовец сакал да шверцува четири питони и отровна змија на Богородица, ги скрил под седиштето

Македонија | пред 3 дена

1111-1

Од јули 2024 година до сега спречен влез на 246 мигранти во земјава

Македонија | пред 4 дена

media-libraryhsqfff6d04cm8geHM4n

700 грама хашиш откриени во поштенска пратка од Шпанија наменета за тетовец

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања