Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Запленети над пет тони овошје и зеленчук што нелегално се продавале на скопските пазари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryvbr6e45ufdd43WYhghA
Photo by Samuel Regan-Asante on Unsplash

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) продолжува со засилените инспекциски контроли на зелените пазари, насочени кон сузбивање на нелегалната продажба на овошје и зеленчук и прометот со храна што се продава во несоодветни услови и без познато потекло.

— реклама —

Во текот на минатата недела, при контролите на скопскиот Зелен пазар и на пазарот во Ѓорче Петров, биле запленети и уништени над пет тони небезбедна храна. Станува збор главно за овошје и зеленчук што нелегално се продавале надвор од организираните пазарни простори.

— реклама —

Од АХВ посочуваат дека ваквата трговија ја загрозува безбедноста на потрошувачите, но и ја нарушува конкуренцијата, нанесувајќи штета на земјоделските производители и легалните трговци.

— реклама —

Контролите се спроведуваат во координација со комуналната инспекција на Град Скопје, Министерството за внатрешни работи и Државниот пазарен инспекторат, со цел спречување на нелегалната трговија и обезбедување законски услови за продажба на храна.

— реклама —

Од Агенцијата најавуваат дека засилените контроли ќе продолжат и во наредниот период, на различни локации во Скопје и низ државата. Целта е заштита на здравјето на граѓаните, спречување на прометот со небезбедна храна и обезбедување фер услови за работа на легалните трговци и земјоделските производители.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryu635o6i85s9qeYlrkBC

Ветеринарите излегоа на протест: Бараат повеќе пари, редовни исплати и повисоки цени на услугите

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-library60qd8spn24iv80QrolZ

Почнува итна вакцинација на овците и козите, пристигнаа 400.000 дози вакцини од Турција

Македонија | пред 6 дена

media-library28toi26mc2fr31iJkmx

Одземени околу два тона небезбедно месо во Радовиш и 50 килограми месни производи во Пепелиште

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryc25mrd6h2n162muoaAi

Уништени 470 килограми ќебапи, плескавици и внатрешни органи пронајдени во нерегистрирана комора на приватен имот во општина Василево

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања