Промени тема
Контакт

Започна 17. „Карпошово културно лето“ со богата програма посветена на уметноста

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Скопје
media-library2rkikvhlgvr86Wv7kmQ

Со изложби посветени на македонската драматургија и современата уметност започна 17. издание на традиционалната културна манифестација „Карпошово културно лето“.

Првиот ден од манифестацијата беше посветен на уметноста и културното творештво, со две изложби кои го одбележаа почетокот на годинешната програма.

— реклама —

Во рамки на отворањето беше поставена изложба на постери и плакати од театарските претстави на еден од најзначајните македонски драматурзи, Горан Стефановски. На настанот присуствуваше и неговиот син, а изложбата претставува почит кон авторот чие творештво остави значаен белег во македонската култура.

— реклама —

Истовремено, во Сити Мол започна и патувачката изложба „ReArt“, која преку современи уметнички изрази ја доближува уметноста до пошироката јавност и внесува нова креативна енергија.

— реклама —

Од Општина Карпош најавуваат дека „Карпошовото културно лето“ и во наредниот период ќе понуди разновидни содржини од областа на културата и уметноста, со цел збогатување на културниот живот на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања