Промени тема
Контакт

Зapoчна постапката за донесување на Нацрт на Закон за прогласување на Студенчишко Блато за парк за природата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Studencisko_blato

Министерството за животна средина и просторно планирање започна постапка за донесување на Нацрт на Закон за прогласување на Студенчишко Блато за парк за природата.

— реклама —

Додека трае постапката за прогласување на локалитетот Студенчишко Блато за заштитено подрачје во категоријата парк на природата, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, согласно Законот за заштита на природата, донесе Решение за негова привремена заштита. Привремената заштита на подрачјето ќе се применува до денот на влегувањето во сила на Законот со кој ќе се прогласи Студенчишко Блато за заштитено подрачје, а кој е во завршна фаза на изработка. Во меѓувреме, Студенчишко Блато е прогласено за водно живалиште од меѓународна важност според Рамсарската Конвенција.

— реклама —
— реклама —

Согласно Решението за привремена заштита на Студенчишко Блато, за времетраењето на привремената заштита на подрачјето нема да се спроведуваат активности од постоечкиот ГУП на градот Охрид во делот на Урбана Заедница – УЗ 17, Урбан блок – У.Б 17.1, како и изработка и донесување на урбанистички планови и урбанистички проекти, урбанистички проекти за партерно уредување на просторот, спроведување на постапкa за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, спроведување на постапка за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште, одлагање на шут и комунален отпад, употреба на хемиски заштитни средства и минерални ѓубрива за земјоделски активности, доделување на нови или продолжување на постоечките концесии согласно прописите за концесии и јавно приватно партнерство, прописите заградежно земјиште, како и прописите од областа на лов и риболов и проширување или изградба на нови патишта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања