Започна расправата за интерпелација на Димитров

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
49948075_282787959078136_8610624802379530240_n

Морална, професионална и политичка одговорност побара опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ со поднесената интерпелација за шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров.

— реклама —

Координаторот на пратеничката група Никола Мицевски сметаат дека Димитров функцијата министер за надворешни работи ја извршува несовесно, нестручно и спротивно на македонските интереси. Тој потенцираше дека денешната интерпелација се однесува на единствениот министер во историјата на независна Македонија што на таков дрзок и препотентен начин ја навреди македонската нација. Имено, Никола Димитров од оваа говорница без никаков срам македонската нација ја нарече комплексирана и сето тоа заради тоа што македонците не сакаат да се промени името на државата, вели Мицевски.

Координаторот Мицевски нагласи дека Димитров со неговата изјава дека македонскиот народ е искомплесиран ги навредил Македонците, додавајќи дека со ваквите дрски изјави го нарушил угледот и достоинството на македонската нација, а со тоа ја обесчестува и самата функција министер.

— реклама —

Со ова тој го наруши угледот и достоинството на македонскиот народ, целата нација, но и на Република Македонија. За нас е недозволиво и неприфатливо министер за надворешни работи на ваков низок начин да ги навредува граѓаните на оваа држава.

Димитров го урива угледот и достоинството, и ја обесчестува функцијата министер за надворешни работи, истакна тој.

Антонио Милошески од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека доколку на пример шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева во мирна или жестока расправа изјави дека бугарската нација или дел од неа е искомплексирана, таа веднаш од морални причини би си поднела оставка. Додаде дека истото ќе се случи и доколку таква изјава дал Никос Коѕијас или кој било други шеф на дипломатијата.

Во врска со ставовите за антиквизација, Милошоски нагласи дека одлуката за изградба на споменикот на Александар Македонски е донесена во 2004 година од советниците на СДСМ и ДУИ и праша дали кога побарале да се гради тој споменик, тие биле искомпелсирани советници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања