Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев на својот Фејсбук профил објави дека е започнато поплочување на неколку улици во селото Марена.
„Денеска започна поплочувањето на уште неколку улици со должина од 1500 м2 во село Марена. Да потсетиме дека таму е веќе асфалтирана улица од 1700м2.
Според договорот вредноста на истите е 4.113.340 ден со ДДВ, а изведувач е фирмата Градба Промет.
Кавадарци за сите!“- стои во објавата на Јанчев.