Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Започнува претпоследната фаза од реконструкцијата на улицата „Орце Николов“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

Во вторник (26.10.), Општина Центар ќе започне со изведбата на 5-тата фаза од реконструкцијата на улицата „Орце Николов“ во Дебар Маало.

— реклама —

Во оваа фаза се предвидува целосно затворање на улицата од крај на фаза 4 до крстосницата со улица „Ѓорѓија Пулевски“. За време на реализацијата на оваа фаза се забранува паркирањето на дел од улицата „Благоја Давков“ и возилата што доаѓаат од ул. „Франклин Рузвелт“ се пренасочуваат преку ул. „Ѓорѓија Пулевски“ по останата мрежа.

Едниот пристап до Министерството за одбрана се затвора и возилата до министерството ќе пристапуваат преку веќе претходно изградениот пристап. Улицата „Алберт Ајнштајн“ се предвидува да биде целосно затворена, со тоа што жителите од истата ќе можат да пристапуваат преку улицата „Донбас“ која е поврзана со ул. „Орце Николов“, со пристап преку тротоар. Улицата „Дане Крапчев“ е затворена на делот кон крстосницата за што е поставена соодветна сигнализација и е оставена можност жителите по должина на истата да пристапуваат во слепиот крак.

— реклама —

Реализацијата на оваа фаза од реконструкцијата е предвидено да трае 30 дена. Реконструкцијата на „Орце Николов“, поделена во 6 посебни фази, опфаќа површина од вкупно 7.182 метри квадратни. Целиот зафат чини 64.847.608 денари средства обезбедени од Буџетот на Општина Центар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања