Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Започнува реконструкцијата на улиците „Дебарска“, „Црвена Вода“ и „Партизанска“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

Во насока на зголемување на безбедноста на пешаците и велосипедистите, вклучително и нормализирање на сообраќајот во Дебар Маало, од понеделник (7.2.) започнува реконструкција на три сервисни улици.

— реклама —

Согласно општинската програма за реконструкција и рехабилитација на улици, денес се вршат подготвителните работи, за веќе од понеделник да започнат градежните зафати на „Дебарска“, „Црвена Вода“ и „Партизанска“.

На улицата „Дебарца“ ќе се реконструира коловозот на површина од 1500 м2 и ќе се постават нови рабници на тротоарите, во должина од 450 метри. Улицата „Црвена Вода“ ќе добие нов коловоз на површина од 650 м2 и нови рабници од двете страни на улицата, во должина од 400 метри, а реконструиран коловоз ќе добие и улицата „Партизанска“, на површина од 1300 м2, со нови рабници од двете страни, во должина од 500 м2.

— реклама —

„Со овие три реконструкции на жителите им овозможуваме одвивање на сообраќајот по нов коловоз, истовремено водејќи сметка и за добросостојбата на пешаците и велосипедистите. Со реконструкциите ќе продолжиме и во идниот период, со цел создавање на безбедна и функционална сообраќајна мрежа на територијата на цела општина“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Реконструктивните зафати на „Дебарска“, „Црвена Вода“ и „Партизанска“ ќе завршат кон крајот на месец мај, а наредни улици за реконструкција се „Петар Поп Арсов“, „Рајко Жинзифов“, „Ристо Шишков“ и „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања