Промени тема
Контакт

Заради Ковачевски и СДСМ од овој месец секое домаќинство ќе плаќа 500 до 800 денари повеќе за струја, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kovacevski-41234

„Заради Ковачевски и СДСМ од овој месец секое домаќинство ќе плаќа 500 до 800 денари повеќе за струја. Покачувањето од минимум 500 денари по сметка е заради неспособноста на власта, која ги испразни хидроакумулациите во текот на летото и продаваше струја кога беше евтина, за сега да нема да произведат кога истата е скапа. Земјава нема струја и затоа што во РЕК Битола не се копаше јаглен минатата пролет и лето, и се дочека зимата без разерви на откопан јаглен на депонијата во претпријатието. Затоа што немаше јаглен, комбинатот работеше со половина блок“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —
— реклама —

„Домашното производство не може да ги задоволи 50% од капацитетите. Во голем период од последните неколку месеци се купуваше и половина од дневната потрошувачка, по цена 10 кратно поскапа од порано, а затоа за само два месеци оваа власт даде 86 милиони евра народни пари, нешто за кое ако ископале јаглен на време ќе уштеделе и до 70 милиони евра. Струјата е скапа и скапа ќе биде се додека е СДСМ на власт, затоа што немаат ниту план, ниту стратегија. За да се реши енергетската криза потребни се предвремени парламентарни избори, а потоа нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, додаваат тие.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања