„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

„Заробениот” украински свештеник од короната во Струмица на чекор е да стаса до Израел со велосипед

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
svestenik

Украинскиот баптистички свештеник од градот Черкаси, Јуриј Бобкин, кој до почетокот на септември престојуваше во конаците на храмот „Свети петнаесет тивериополски свештеномаченици” во Струмица, а потоа уште два месеци кај негов брат по Христа од Евангелската црква, Атанас Христов во Долно Соње кај Скопје и потоа во Демир Капија, кај рускиот алпинист Александар Кленов, е на чекор да ја оствари својата мисија-да стигне во Светата Земја. Него го делат само 180 километри од влез од Израел, на гората Елат, објави МИА.

— реклама —

-Моментално тој се наоѓа во познатото египетско летувалиште Шарм Ел Шеик, каде успеа да стаса со авион на 5-ти овој месец, не информираше теологот Ванчо Тркалевски, кој му беше домаќин на Бобкин и со него е во постојана комуникација.

Украинскиот свештеник во меѓувреме уште еднаш се обидел да го продолжи своето патешествие со велосипедот преку Грција, но, повторно, не му бил дозволен влез заради забраната од грчката Влада.

— реклама —

-Успеал да купи авионски билет за Тел Авив и побарал од неговата држава да му даде специјално одобрение преку Украинската амбасада. Откако не го добил, во последен момент Јуриј се одлучува да го замени билетот од Тел Авив за Шарм Ел Шејк. Таму пристигна на 5-ти овој месец, а наредниот ден ми се јави да ми каже каде се наоѓа. Со него е и велосипедот и се надева дека неговиот аџилак ќе заврши и ќе успее да влезе во Израел, додава неговиот пријател, Ванчо Тркалевски.

Објаснува дека Јуриј планира да стигне до гората Елат, која се наоѓа до Црвеното Море,а неговото сегашно престојувалиште е оддалечено 180 километри од египетско-израелската граница.

Украинскиот свештеник Бобкин на пат тргнал во мај годинава и преку Молдавија, Романија и Бугарија, стаса во Струмица во август. Тогаш МИА пишуваше за неговиот потфат и како пандемијата од Ковид-19 го зароби во Струмица.

Тогаш, за мотивите за своето невообичаено патување рече: -Се беше добро-имав прекрасно семејство, заедно присуствувавме на служби, му пеев псалми на Господ, го прославував во црковниот хор, па дури и проповедав од говорницата. Но, одеднаш почувствував празнина одвнатре и студенило во моето срце, плачев до Бога дека сум бил со него веќе 10 години, но не научив вистински да го сакам ниту него, ниту мојот сосед. Се започна од тој ден. Нема да навлегувам во детали, но од тоа време на се што ги повикував луѓето почна да се распаѓа: семејството ми се распадна, во црквата избувна пожар, а по некое време татко ми, ѓаконот на црквата, почина, раскажа Јуриј при нашата средба со него во Струмица.

На крај неговиот пријател Ванчо уште еднаш ја пренесе големата благодарност на Украинецот за гостопримството во Струмица, но и за другите места каде престојуваше и никогаш нема да ги заборави поминатите заеднички денови со своите браќа во Македонија.

извор:МИА

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања