„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Засега 15 независни кандидати, роковите течат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
glasanje-izbori

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 17. седница соопшти дека досега 15 независни кандидати за градоначалници ги собрале потребните потписи за учество на локалните избори, а потписи собрале и 30 независни советнички листи во различни општини во подрачните единици на ДИК.

— реклама —

До 30 август трае собирањето потписи за независните кандидати за градоначалници и советнички листи, а вработените во подрачните единици, утре и в недела ќе работат еден час подоцна, додека на 30 август, ќе работат до 24 часот, беше соопштено на седницата.

Во тек е собирањето потписи на уште независни кандидати за градоначалници што не се завршени, како и на советнички листи.

— реклама —

ДИК на денешната седница исто така соопшти дека заклучно со вчерашниот ден, вкупно 5164 лица се провериле во Избирачкиот список. Од нив поднесени се вкупно 11 барања за запишување во избирачкиот список, 12 барање за бришење на податоците од Избирачкиот список и четири барања за измена на податоците во Избирачкиот список.

До ДИК на е-маил адресата upisis@sec.mk се поднесени вкупно 17 барања.

Постапката за јавен увид во Избирачкиот список за локалните избори закажани за 17 октомври ќе трае до 9 септември.

Јавен увид граѓаните можат да направат во подрачните единици и канцеларии на ДИК, како и електронски преку веб страната на Комисијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања