Не од 80 туку власта има поддршка за уставните измени од 76 пратеници. Неофицијално „виси“ поддршката за гласањето на измените во јануари од некои пратеници. Оние кои се сметаа за “сигурни“, во меѓу време се разочарале од амнестијата и новите притвори, а некои од пратениците нити негирале нити потврдувале дека ќе гласаат.
Премиерот најави дека разговара со пратениците, но времето е кусо. Гласањето се очекува да биде меѓу 9 и 15 јануари.