Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Засилени инспекциски контроли за „Black Friday“ – ќе се проверуваат лажните попусти и цените

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 44 минути -

Македонија
media-library15ul5947mal15MVXp91
unsplash

Државниот пазарен инспекторат најави засилени вонредни контроли кај трговците низ Македонија по повод кампањата „Black Friday“, со цел да се спречат лажни попусти и доведувачко рекламирање.

— реклама —

Инспекторите ќе проверуваат дали продажните акции се спроведуваат законски, како се огласуваат намалувањата, дали цените се правилно означени и дали потрошувачите добиваат точни информации за условите на купување.

— реклама —

Посебно внимание ќе биде посветено на продажбата на бела техника, електронски уреди, мобилни телефони, компјутерска опрема, облека, обувки, мебел и други производи што во овој период се нудат со попуст.

— реклама —

Инспекторатот ќе проверува дали трговците неоправдано ги зголемуваат цените пред да ги намалат, лажно ги прикажуваат попустите или ги доведуваат купувачите во заблуда. При утврдени неправилности ќе бидат преземени соодветни законски мерки.

— реклама —

Од Инспекторатот ги повикуваат трговците да ги почитуваат законските обврски, а граѓаните внимателно да ги проверуваат цените и условите за попуст. Секое прекршување на потрошувачките права може да се пријави на бесплатниот телефонски број 191 или преку веб-страницата www.dpi.gov.mk.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

pazaren-inspektorat-1200x1200

Над 3,2 милиони денари казни: Пазарниот инспекторат со 638 контроли за една недела

Македонија | пред 7 месеци

— реклама —
black-friday

Вонредни инспекциски контроли за „Black Friday“

Македонија | пред 11 месец

trajkovski-straus

Барале само институциите да функционираат: гостиварска фирма била мета на нелојална конкуренција, сузбиена со Трајковски од Пазарна

Македонија | пред 2 години

drzaven-pazaren-inspektorat-480x270-1

Пазарна инспекција ги тресе пазарџиите на Кванташки

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања