Ниту за здравствената состојба на Бојан Јовановски-Боки 13, ниту дали е претепан во затворот во Идризово, не открива новиот директор и Управата. „Скопје1“ испрати прашања, но наместо одговори доби само насоки. Иако безбедносната проценка ја прави самиот затвор, а праксата е самиот затвор да дава одговори на новинарски прашања, овојпат не е така. Останува не одговорено дали и од кого е претепан Боки 13.
На прашањата каква е здравствената состојба на Боки 13, дали бил нападнат, но и дали е правилно проценета безбедносната состојба, дали е заштитен и во какво одделение се чува, од затворот испратија одговор во кој не одговараат ништо: „За бараните информации обратете се до Управата за извршување на санкции“.
Ваквата нетранспарентност на затворот доаѓа откако пред помалку од две недели со него почна да раководи нов директор, Шпенд Тахири. Тој е кадар на Алтернатива. Веднаш по неоговото доаѓање започнаа и ваквите потреси со тепачки, со оглед дека Боки 13 помина пет години во затворот, а освен поплаки за здравјето кое му е сериозно влошено, немаше загрозена безбедност. Засега непознато е ниту како се чува Боки 13, дали е одделен од другите, како што беше безбедносната проценка до сега.
„Скопје1“ ги препрати прашањата до Управата, по насока на затворот „Идризово“. Но одговори, досега, нема.
Боки 13 нападнат во затвор?
„Бојан Јовановски-Боки 13 бил нападнат во затворот „Идризово“ каде издржува затворска казна“. Ова се информациите кои кружат на социјалните мрежи, а за кои нема потврда од службите. „Скопје1“ преку мејл се обрати до управата на затворот, но засега нема одговор во каква здравствена ситуација се наоѓа Боки 13.Секој затвор прави безбедносна проценка за своите затвореници и истата е направена и за Боки 13. Во каква состојба е тој и дали е заштитен, останува неодговорено прашање. Бидејќи установата има нов директор, Шпенд Тахири, контакт од него немаме.Боки 13 веќе скоро пет години е во затворот. Претходните директори, внимаваа на неговата безбедност, особено што, безбедносната проценка покажуваше дека може да биде нападнат во затворот.
Македонија | пред 3 години