Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Затворска „мафија“ фатена на дело: „плати или ќе го претепаме“ – затвореници уценувале мајка на осуденик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
MASKI-DEL-MONTAZA.00_08_32_14.Still001

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица против четири лица од Скопје – А.Б. (31), А.Р. (25), Е.Б. (27) и Р.Р. (20) – поради сомнение за сторени кривични дела „изнуда“ и „лихварство“.

— реклама —

А.Б. и А.Р., кои во моментот издржуваат затворска казна во Затворот Идризово, со помош на незаконски внесени мобилни телефони, преку апликацијата „Фејсбук Месинџер“, стапиле во контакт со мајка на друг осуденик. Од неа барале месечен надомест од 1.200 евра во замена за, како што тврдeле, „заштита“ и подобри услови за нејзиниот син во затворот. Во видео повици ѝ прикажувале сцени на насилство врз нејзиниот син, уценувајќи ја дека ќе продолжат со насилството доколку не ги добијат парите.

— реклама —

На 23 мај 2025 година, Е.Б. (брат на А.Б.) и Р.Р. (брат на А.Р.) по претходен договор се сретнале со мајката во Струмица за да ја преземат паричната сума, за која тврделе дека е долг. Во моментот кога Е.Б. ги примил претходно обележаните пари, бил приведен од полициски службеници од СВР Струмица. Р.Р. се обидел да побегне, но веднаш бил фатен и приведен. При приведувањето, кај Е.Б. биле пронајдени пари во различни валути и апоени, за кои не поседувал доказ за потекло, па истите биле одземени.

— реклама —

Истовремено, по наредба на надлежните органи, биле извршени претреси во затворските ќелии на А.Б. и А.Р. во Затвор Идризово. Притоа биле пронајдени и одземени два мобилни телефони со кои, според истрагата, тие ја извршувале изнудата.

Е.Б. и Р.Р. се задржани во Полициската станица Струмица, а за случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По поднесувањето на кривичната пријава, двајцата биле изведени пред судија од Основниот суд Струмица, кој им изрече мерка куќен притвор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања