Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Завршена четвртата тура прскање против комарци во Скопје, спроведени и шест вонредни прскања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
369514-vo-sreda-kje-se-prska-protiv-komarci-129781

Засилени активности за сузбивање на комарците се спроведуваат во Скопје и во подрачјата каде што е регистрирана појава на случаи на западнонилска треска, информира министерот за здравство, Сашо Клековски.

— реклама —

Тој посочи дека е завршена четвртата тура прскање против возрасни комарци во Скопје, при што се реализирани и авионско и земјено прскање. Авионското прскање било спроведено на 20 и 21 август, додека земјеното траело од 20 до 26 август.

— реклама —

Покрај редовната тура, досега се реализирани и шест прскања по индикација, односно во подрачја каде што било утврдено дека е потребна дополнителна интервенција.

Во Гази Баба било извршено прскање на површина од повеќе од 400 хектари, додека второ прскање против возрасни комарци било спроведено во Кисела Вода, односно во Драчево. Двете интервенции биле реализирани на 14 и 15 август.

— реклама —

Дополнителни, вонредни прскања по индикација биле спроведени и во Зелениково, Студеничани, Бутел и Ѓорче Петров.

— реклама —

Клековски појасни дека сите овие активности се реализираат во таргетирани подрачја, односно во места каде што е регистрирана појава на случаи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9g7kmr1cetu3eRXzKB2

Уште еден починат од западнонилска треска, бројот на жртви се искачи на 12

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
media-libraryc4mkpcsuh8pr0ErJgZD

Западнонилската треска се шири кон северот на Европа, пријавени 1.715 случаи

Свет | пред 3 седмици

media-libraryn5t4ue1ff0oa1fzyL6m

Уште еден починат од западнонилска треска, бројот на жртви во земјава се искачи на 11

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryn5t4ue1ff0oa1fzyL6m

Уште една жртва на западнонилска треска

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања