Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Заврши најдолгата вулканска ерупција на Исланд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
4219

Заврши најдолгата вулканска ерупција на Исланд по последниве 50 години, објавија исландските власти. Таа стана туристичка атракација, при што беа регистрирани повеќе од 350.000 посетители кои дојдоа да го гледаат спектаклот кој се случи во близина на Рејкјавик. Туристите имаа можност одблизу да ги видат потоците од лава.

„Поминаа три месеци откако лавата за последен пат излезе, па ерупцијата ја сметаме за завршена“, изјави Бриндис Ир Гисладотир од Исландскиот метеоролошки институт.

— реклама —

Тие повикааа на претпазливост и изјавија дека ќе продолжат да ја набљудуваат областа.

Ерупцијата почна на 19 март на периферијата на планината Фаградалсфјал, околу 40 километри југозападно од Рејкјавик. Според вулканолозите, на полуостровот Рејкјанес лава не течела осум векови, односно речиси 6.000 години каде што случи сегашната ерупција. Ова беше шеста ерупција на Исланд за 20 години и најдолга во последните половина век, бидејќи исфрлуваше лава цели шест месеци, сè до 18 септември.

— реклама —

Најактивниот вулкан на Исланд еруптира на секои пет до десет години, но тој се наоѓа под голем глечер и не е така достапен, за разлика од овој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања