Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Заврши судењето за полицајците од Кочани во случајот „Пулс“; „Здружение 16 март“: Ова не е крај, туку почеток на борбата за правда

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryk26rk79e27ch1hZZ1NI

Вчера заврши судењето против тројцата полициски службеници од Кочани обвинети за неизвршување службена должност во случајот поврзан со дискотеката „Пулс“. Судот најави дека пресудата ќе биде објавена на 5 мај. Обвинетите се товарат дека при контроли во угостителскиот објект не постапиле согласно законските обврски, со што, според обвинението, овозможиле неправилности и прибавување корист за правно лице.

— реклама —

Од „Здружението 16 март“ велат дека очекуваат правда за 63-те жртви и нивните семејства.

— реклама —

„Заврши судскиот процес против тројцата полициски службеници од Кочани. За некого ова е само уште еден предмет. За нас – ова е првата разврска во борбата за правда за нашите најмили.

Чекаме пресуда!

Со тежина во срцето, со болка што не поминува и со надеж што не смееме да ја изгубиме. Се надеваме дека судот ги видел сите пропусти, сите грешки, сите моменти каде системот потфрли – и дека ништо нема да остане занемарено. Бидејќи зад овој случај не стојат бројки.

Стојат 63 животи, 63 семејства што секој ден живеат со празнина што никогаш нема да се пополни.

Ова не е крај. Ова е почеток. Ќе останеме тука. Ќе гледаме. Ќе паметиме. И нема да престанеме да бараме:

Вистинска, целосна и заслужена правда!“, стои во објавата.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryarqnst12t5gobSjvUJO

Дојавувале кога доаѓаат УЈП и МВР во „Пулс“, а добивале очилa и рачен часовник за услугата – девет лица обвинети за поткуп, злоупотреби и фалсификати

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryarqnst12t5gobSjvUJO

Газдата Деко предложен за сведок во судскиот процес против деветтемина полицајци за случајот „Пулс“

Македонија | пред 4 дена

IMG_5515

Родителите на жртвите од „Пулс“: Обвинителството откри сериозни противречности во исказот на вештакот Русевски

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryldqcnsq4pt6tbH4sBCx

Вештакот на одбраната за „Пулс“ тврди дека објектот ги исполнувал основните минимални технички услови за угостителска дејност – кабаре

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања