Промени тема
Контакт

Заврши времето на јадење скапи јадења на сметка на народот, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
IMG_3463

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ уште ги санираат штетите и плаќаат сметките за скапо јадење на нивните претходници од СДСМ. Кога градоначалниците од СДСМ ги напуштале општините се погрижиле нив да ги остават со празни каси, или дури и сметки во минус, но и многу побарувања за плаќање на скапите јадења со кои се гоштевале низ рестораните, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во сите скопски општини ги исчистија дивите депонии и хаосот кок го оставија нивните претходници.

Градоначалникот на Битола го продолжи проектот за изградба на стадионот, кој беше почнат уште во време на ВМРО-ДПМНЕ, а СДСМ 4 години не го направи.

— реклама —

Во Охрид се отпочнаа нови улици, во Илинден ново училиште. Во секоја нова општина се отпочна со проекти.

Но ако граѓаните се прашуваат со што друго беа соочени градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ тоа се скапите сметки како таа која ја направил командирот на скопската пожарна нарачувајќи телешки бифтеци, медаљони и скапи нарачки како фрути ди маре од 8.600 денари порција. Како изговор за ова скапо гоштевање е дека правеле прослава за скалата која ја купија дупло поскапо од тоа што ја купи град Загреб.

— реклама —

Вакви енормни сметки се правени по ексклузивни ресторани и за време на изборите, имено на 22 октомври, Љубица Јанчева, тогашен претседател на Советот на град Скопје, потрошила 39.700 денари за едно јадење во ексклузивен локал на Кејот на Вардар.

— реклама —

Овие и многу други сметки кои се плаќани со пари на скопјани и граѓаните на другите општини се дел од проблемите со кои се соочија градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ.

Времето на криминал и јадење на скапи јадења на сметка на народот заврш“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања