Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Завршни зборови за „Трезор“, отбраната бара Мијалков да се ослободи од обвинение

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
153488665_343768260222081_681460067295406671_n

Одбраната бара ексдиректорот на УБК да биде ослободен од обвинение за набавката на британската опрема за следење на комуникациите во 2010 година. Обвинението за случајот „Трезор” е засновано врз претпоставки, посочи адвокатот Петар Василев, во завршните зборови за овој предмет. Тој додаде дека Обвинителството прво тврдело дека Сашо Мијалков е сопственик на фирмата „Финзи“, а потоа дека не се знае.

– Неспорно е дека набавката за опрема во МВР, се врши преку помошник-министер кој одговара директно пред министерот. Директор не може да даде наредба на помошник-министер. Обвинителството со ниту еден доказ не докажа дека Мијалков, му наложил или сугерирал набавка на опрема, рече адвокат Василев.

— реклама —

Адвокат Љупчо Шврговски, во своите завршни зборови, рече дека постапката во овој случај ја води неовластен тужител.

— реклама —

– Ѓоко Поповски, кажа дека не се сеќава кој, кога и како дал препорака дека преку фирмата „Финзи“, ќе се врши набавката на опремата. Не постојат физички и електронски докази дека Сашо Мијалков и Небојша Стајковиќ, комуницирале со нив, изјави адвокатот Шврговски, кој на судот му предложи да донесе ослободителна пресуда за неговиот клиент, со оглед дека јавните обвинители не го докажале обвинението.

— реклама —

Обвинетиот Тони Јакимовски, додаде дека тој бил четири нивоа после помошник-министерот, и дека немал можност да му даде наредба нешто да стори.

Во „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски. Тројца се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања, а Тони Јакимовски за помагање.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања