Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Захариева: Бугарија не сака ништо повеќе освен да се исполнат клаузулите од Договорот за добрососедство, каква е клаузулата за јазикот во Договорот, така сакаме да биде во сите документи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
zaharieva-osmani

Бугарија прва ја призна независноста, тогаш на Република Македонија и одамна ја прозна современата политичка реалност. Секогаш ја поддржувала независноста и државниот суверенитет на РС Македонија, никогаш немала територијални претензии и никогаш не го оспорила правото на самоидентификација на нејзините граѓани, изјавила министерката за надворешни работи Екатерина Захариева по средбата со министерот Бујар Османи во Софија.

Затоа, според Захариева, неумесно е да се обратни тези, како меѓу граѓаните на двете земји, така и на меѓународен план. Како што пренесува БГНЕС, таа кажала дека „сега е неопходно од страна на РС Македонија да се признаат историските реалности, поврзани со процесот на создавање на новиот национален идентитет“.

— реклама —

„Бугарија не сака ништо повеќе освен да се исполнат клаузулите од Договорот за добрососедство. Каква е клаузулата за јазикот во Договорот, така сакаме да биде во сите документи меѓу двете држави. Немаме никакви нови претензии. Апелирам и се надевам да не се создаваат проблеми таму каде што ги нема“, изјавила Захариева.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања