Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Захарова го обвини Брисел за цензура: Ги блокира руските ставови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryevn73ab5u0tf0vBNe9k
Russian Foreign Ministry's official account

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, остро реагираше по информациите дека бриселското издание на „Политико“ во последен момент се откажало од објавување авторски текст на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

— реклама —

Според Захарова, ваквата одлука претставува доказ дека во Европската Унија се ограничува просторот за ставови и информации кои доаѓаат од Русија.

— реклама —

„Сега добивме директен доказ дека колективниот Брисел, кој постојано зборува за демократија, слобода на говор и плурализам на мислења, блокира информации од Русија“, изјави Захарова, пренесуваат руските медиуми.

Реакцијата следува откако руското Министерство за надворешни работи соопшти дека „Политико Европа“ се откажало од објавување на текстот на Лавров посветен на односите меѓу Русија и Европската Унија, како и на актуелната состојба во Украина.

— реклама —

Во написот со наслов „Украина, Европа и глобалната безбедност“, Лавров изнесува став дека европските земји не се неутрални во конфликтот во Украина и дека не водат искрен дијалог со Москва. Тој тврди дека преговорите се користат како средство за политички притисок и ултиматуми, а како една од главните цели на европските лидери го наведува зачувувањето на власта на украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

— реклама —

Случајот предизвика нова размена на обвинувања меѓу Москва и Брисел во контекст на односите меѓу Русија и Европската Унија, кои остануваат сериозно нарушени поради војната во Украина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryt9rn71kbcs732xUGMML

Русија ја нападна Украина со 162 дрона и балистичка ракета, цел била и термоцентрала кај Киев

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryo8qp68df6ra569vHY2R

(Видео) Русија го остави Киев без струја, луѓето излегуваат надвор и прават скара

Свет | пред 16 часа

media-libraryh6evpc8uubr20G55U2Z

(Видео) Воен авион од Москва слета во Израел, идентитетот на патниците е непознат

Свет | пред 18 часа

ruski-vojnik-rusija-

Над 450.000 загинати Руси во војната во Украина, протекоа податоци од руската агенција за статистика

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања