„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Жбогар му го врачи на Пендаровски 10-ти по ред извештај што сугерира почеток на пристапни преговори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zbogar-pendarovski-2

Евроамбасадорот Самуел Жбогар на претседателот Пендаровски му го достави Извештајот за напредокот на Северна Македонија во кој се препорачува земјава да започне пристапни преговори за ЕУ. За пречек на убавата вест од Брисел, Пендаровски ги собра лидерите на парламентарните партии, претседателот на Собранието и Премиерот, што му се допадна на амбасадорот Жбогар.

— реклама —

Дозволете ми да го изразам моето задоволство што Европската Комисија го препозна напредокот на Република Северна Македонија и повторно препорача отпочнување на пристапните преговори за членство.

Претседателот Стево Пендаровски во дел од своето обраќање истакна:

— реклама —

-Добивме јасна препорака за почетокот на преговорите, без дополнителни услови.

Извештајот е најдобар досега, а имајќи го предвид строгиот пристап во оценката на напредокот на секоја држава-кандидат, извештајот реално ги отсликува состојбите во Република Северна Македонија. Европа денеска покажа дека знае да цени и валоризира политичка храброст, компромисно решавање на тешките прашања во духот на европските вредности и политика на добрососедство и регионална соработка. Република Северна Македонија направи решителни чекори, како на надворешно-политички план, така и на внатрешен план, преку спроведувањето на клучни реформи неопходни за напредок на европскиот пат.

Како Претседател, очекувам Европскиот Совет да ги валоризира напорите на земјата, и согласно донесената препорака на Европската Комисија, во јуни да донесе одлука за почеток на пристапните преговори за членство. Наместо да биде колекционер на позитивни извештаи, очекувам Република Северна Македонија да добие фер шанса и да се трансформира преку отворањето на секое одделно поглавје од пристапните преговори.

Секое дополнително одложување на почетокот на преговорите, ќе влијае демотивирачки на нашето општество и ќе има сериозни импликации врз спроведувањето на реформските процеси. Но, истовремено може да биде разбрано и како поттик на антиевропските политичари во целиот регион, што е спротивно на напорите за стабилизирање и интегрирање на нашиот регион.

Уште еднаш, ги повикувам сите институции на власта, вклучително и опозицијата, без задршка, без штедење да се посветат на завршување на нашите обврски во интерес на сите граѓани на нашата заедничка земја, истакна претседателот Пендаровски.

Извештајот што денеска го доби Македонија  е 10-ти по ред што сугерира почеток на пристапни преговори.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања