„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Здравство: Забраната за пушење во затворени простории е заштита на здравјето, не удар по угостителите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
cigari

Предлог-законот за заштита од пушењето, подготвен од Министерството за здравство, не претставува удар по угостителството, туку законско решение насочено кон заштита на правото на здраво и безбедно работно место, соопштија од ресорното министерство. Со законското решение се предвидува целосна забрана за пушење во затворени јавни и работни простории, во согласност со европските стандарди и препораките на Светската здравствена организација.

— реклама —

Од Министерството нагласуваат дека со законот се воспоставува јасно и универзално правило, без исклучоци и без сиви зони, кое ги штити сите граѓани. Пушењето, како што се наведува, останува личен избор, но затворениот заеднички простор не смее да биде место каде тој избор се претвора во директен ризик за здравјето на другите присутни.

Јавноздравствените анализи укажуваат дека квалитетот на воздухот во затворените простории има директно влијание врз здравјето, при што чистиот воздух значи помалку иритации на дишните патишта, помал број астматични напади и намален ризик од развој на хронични заболувања. Во тој контекст, изложеноста на тутунски чад се третира како прашање на безбедност и здравје при работа, а не како прашање на личен животен стил.

— реклама —

Посебен акцент во предлог-законот се става на угостителските објекти, каде што токму вработените се најдолго и најинтензивно изложени на чад од цигари и други тутунски и никотински производи. Според Министерството за здравство, државата има јасна обврска да го заштити правото на вработените на здрава и безбедна работна средина, независно од дејноста во која работат.

Министерот за здравство Азир Алиу посочува дека искуствата од европските земји кои веќе вовеле вакви законски решенија покажуваат оти стравувањата од негативни економски последици се неосновани. Како примери ги наведува Ирска, Велика Британија и други држави, каде што ваквите мерки не довеле до пад на приходите, туку до поуреден, поквалитетен и попредвидлив амбиент во угостителските објекти.

Според Алиу, забраната за пушење во затворени простории овозможува поголема посетеност од семејства, туристи и граѓани кои преферираат чист воздух, што на долг рок претставува директен бенефит и за самите угостителски објекти. Министерството за здравство порачува дека предлог-законот има за цел да воспостави рамнотежа меѓу економските активности и основното право на заштита на здравјето на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryaifiiuirnv9ndMy92Vr

Алиу: Огромен дел од учениците - 86,9% отсто ја поддржуваат мерката за забрана на пушење во затворени простории, законот го носиме како закон за новите генерации

Македонија | пред 3 дена

media-librarysadjjm8l382vcOgHxHp

Угостителите добија „битка“: одложена примената на дел од законот за заштита од пушење

Македонија | пред 6 дена

media-libraryeidav4kkja58dVw3xFu

„Законот за пушење пу пу не важи, ама за да не е дека бизнис заедницата е газда на државата, превидуваме фази за имплементација“

Коментари | пред 2 седмици

media-librarysadjjm8l382vcOgHxHp

„Кога веќе се грозиме од пороци, да видиме што е легално, а не се користи за медицински цели: цигари“

Коментари | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања